По успешното издание на Тиквешката винска регата, во недела, 21 август, во организација на здружението „Винотек“, на Тиквешкото езеро ќе се оддржи веќе традиционалното третото издание на езерската винска регата.
„Според предвиденото, регатата ќе започне во 8 часот од ресторанот „Луле“, а потоа учесниците на истата ќе ги посетат брушанската црква „Света Недела“, потоа црквата „Свети Лазар“, бегнишкиот залив и полошкиот манастир, за на крајот да следува голема забава со Трио Мањифико и дегустација на вино“ – информира Панче Арсовски, директор на езерската винска регата.
По успешните две воведни изданија, интересот за учество и на езерската регата е огромен, па организаторите очекуваат повеќе од 150 учесници.
„Пријавувањето е во завршна фаза. Како и минатата година така и оваа ќе имаме и гости од соседните земји, што само потврдува дека оваа регата и тоа како е интересна за многумина. Сепак, за сите оние кои сеуште сакаат да ни се приклучат не е доцна, и истото можат да го направат на телефонскиот број 078-318-710, а цената на пакетот кој вклучува промотивна маица, храна и пијалок изнесува 750 денари“ – дополнува Арсовски.