13 Годишниот Тодор Златев е единствен кавадарчанец на кошаркарскиот камп „Заедно до М16“

Тринаесет годишниот Тодор Златев кој е една од најголемите надежи на кавадаречката кошарка ќе биде дел од проектот „Заедно до М16“ кој е во организација на Македонската кошаркарска федерација во соработка со Кошаркарските федерации на Романија, Турција, Бугарија и Косово.
Златев е единствениот кавадарчанец кој се најде на листата од 30 кошаркари кои во периодот од 28 Август до 02 Септември ќе бидат дел од Меѓународниот кошаркарски камп во Костанца.
Златев кој за свои 13 години има импозантна височина од 190 сантиметри е син на поранешниот кавадаречки кошаркарски ас Никола Златев, кој своевремено настапуваше за екипите на Тиквеш и Орка Спорт.

13432345_10204822864769757_8219291094288911696_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *