Во време кога има позаканувачки и депресивно поконзистентни типови тероризам, не многу луѓе ќе се потресат од екстремистичка група составена од француски винари, кои во својот поход за заштита на француското вино уништуваат канцеларии или истураат илјадници тони увозно вино. Без разлика, тие постојат и се водат како ЦРАВ (Comité Régional d’Action Viticole).
Групата постои повеќе од 40 години и делува во реонот Лангдок. Откако Французите го усовршуваат правењето вино, тие почнуваат праксата да ја “извезуваат” во други земји, како на пример Шпанија, која е во близина на регионот Лангдок. Шпанците на ова возвраќаат со извоз на евтино вино во Франција, од сортата “не е нешто сјајно ама ќе пројде.”
Проблемот е што токму винарите од Лангдок историски ја снабдуваат Франција со вино што е лесно за пиење, “трпезно” вино. Некаде од 1970-те Франција почнува најголемиот дел од трпезното вино да го набавува од Шпанија, Италија и Новиот свет (Јужна Америка и Австралија), со што се намалува побарувачката за домашно вино, што пак како последица ги намалува приходите на домашните винари. Една од причините за успехот на шпанското вино е и тоа што е два пати поевтино од француското, а во исто време не е и два пати полошо.
Во април ЦРАВ пролеа огромни количини увозно вино, а неколку камиони ги испишаа со зборовите “несоодветно вино,” обвинувајќи дека увезеното шпанско вино е мешано со вино од Латинска Америка без тоа да им се каже на потрошувачите.
На 19 јули, ЦРАВ упаднаа во канцеларијата на увозникот на вино, Судвин, прво уништувајќи ги бироата и целата опрема, за потоа да го запалат објектот. На 2 август тие истурија 50.000 литри вино од увозникот Бирон.
Делумно луѓето со право се гневни, ако се има предвид дека од 2000 до 2012 Франција има изгубено 12% од површините под лозје, додека во исто време Австралија ги има зголемено за 21%, а Нов Зеланд за 168%.