По првата берба во 2016 година беше соопштено дека Италија ќе ја задржи титулата на најголем производител на вино.
Ова го пренесоа од здружението на лозари Колдирети. Бербата оваа година треба да биде за 5% подобра од лани. Тогаш беа произведени 47.5 милиони хектолитри. Кога е во прашање количина, лани Италија го престигна својот најголем конкурент, Франција.
Поради мраз, невреме, пламеница и ветрови оваа година во Франција ќе биде произведено помалку грозје. И северна Италија оваа година имаше лошо време. Во Ломбардија производството ќе биде за 10% помало од лани. Во Пуља се очекува да има за 15% подобра берба годинава.