На Тиквешкото Езеро во неделата се одржа третата по ред винска регата. Неколку десетици посетители од земјава и странство беа дел од пловењето со чамци по Езерото. Притоа се дегустираше квалитетно вино, а гостите имаа можност да ги видат и природните богатства со кои располага околината.
– Целта е на одреден начин да го промовираме Тиквешкото Езеро, неговата околина, културните и историските богатства и наследства во непосредна близина, рече Јован Еленов, претседател на кавадаречкото здружение “Винотек”, кое се занимава со промоција на производите од грозје и винскиот туризам.
Во рамките на регатата, меѓу другото, гостите имаа можност да ги набљудуваат и ретките птици грабливки, кои можат да се сретнат на Тиквешко Езеро