Милион ѕвезди го опсипаа небото над Кавадарци на 26 август ова лето.
Гламур и убавина, најдоброто вино на и шоуто на Стефанов како и одличниот диџеј сет на Дане Манџиковски саботната “треска“ ја направија да биде ноќ за паметење.
Преку фотографијата на Никола Соколов и перото на www.vinotika.mk модното студио “Црнокрак“ блесна во полн сјај, уште еднаш докажувајќи зошто се број еден во македонскиот моден свет.
За вечерта да биде незаборавна се потрудија и покровителите Винарска визба Милеви “Гоце Делчев – Тиквеш“ и центарот за странски јазици “Максима Еду“. Вечерта ја помогнаа цвеќара “Тара Зое“ Кавадарци, Дуки Дасо, пица сервис “Џакомо“ и фризерско студио “Џет Сет“.
Кавадаречката публика аплаузот не го штедеше пред убавината на отворената сцена во Елемент Кафе.
Уживајте во понудената фото сесија, и следниот пат бидете и Вие дел од волшебните приказни на www.vinotika.mk