Сте слушнале ли за европското винско витештво – IN HONOREM DEI ET IN HONOREM VINI

Европското винско витештвото е традиција на витешкиот ред на Св. Ѓорѓи кое своите корени ги има уште во средниот век, поточно 1273та година, односно 1308та и 1468та година, чија традиција продолжува до ден денес.
Единствена цел на винското витештво е да ја негува Европската христијанска култура со негување на виното како значителен дел од европската култура и идентитет, а со тоа и да ја негува разновидноста на тоа културно наследство и да го сочува за следните генерации. Европското винско витештво е витешки ред со заклетва и сите членови на витештвото преку заклетвата на виното и земјата, поврзани се на ист општенствен ранг и уживаат взаемно во пријателството и во плодовите на витешкото дело.
Седиштето на Европското винско витештво се наоѓа во градот Ајзенштат, Австрија, а истото има независни конзулати во дваесет земји во Европа каде членуваат повеќе од две илјади почитувачи на култот кон виното. Во Македонија нивниот број е околу педесетина. Во Европското винско витештво постојат одредени нивоа и тоа Hospes, Madam, Consiliarius, Iudex и Eques, чии припадници подеднакво се залагаат за реализација на благородните цели на овој витешки ред.
Главното мото на витештвото е: „Откако ќе ја победиш зависта и ќе почнеш да се завземаш за другите, ќе станеш вистински витешки човек“, а нивната химна гласи:
Виното на човека му дава сила
племенита капка е сок на боговите
радост за срцето е неговиот дар
и на човека најдобра утеха.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *