Француската модна куќа „Шанел“ која веќе поседува лозови насади во околината на Бордо, ќе стане сопственик на уште една голема површина на лозови плантажи, и тоа на другиот крај на светот, во Калифорнија.
Семејството Скали го продаде својот имот Сент Сапери на француската компанија „Шанел“, а вредноста на трансакција, која беше финализирана на 30 октомври сеуште не е позната.
„Драго ми е што поседот ќе припадне на една реномирана куќа, која ќе умее да го вреднува овој исклучителен имот“, истакнал Роберто Скали.
Имотот е специјализиран за производство на „совињон блан“, како и „каберне совињон“.
Сопствениците на „Шанел“, браќата Вертимијер, го поседуваат дворецот Розан-Сегал во Жиронда од 1994 година, како и дворецот Канон во Сент Емилијон од 1996 година.