Реномираниот производител на шампањ Bollinger, кој го снабдува и Парламентот на Обединетото кралство отвори две нови визби.
Ова е бренд кој поседува налог издаден од страна на кралицата Викторија уште во 1884 година. Познат е по називот “Special Cuvee”, оваа година ја слави својата историја на постоење на тој начин што отвори две нови винтиџ визби.
Интересен е податокот кој кажува дека во 2010 година во Франција е пронајдена голема колекција на Bollinger шампањот. Најстарото вино датирало од 1830 година, причина заради која компанијата одлучила да направи две нови визби. Едната визба се вика “Galerie 1829”, каде се чуваат старите вина, а другата визба го носи името “La Reserve” каде има Bollinger magnum шише, односно шишиња од 1,5 литри.
Двете визби имаат бројка од 3000 шишиња, посетите се закажуваат од напред, а се одвиваат со лица стручни за оваа област.