Во недела, 6ти октомври, на Тиквешкото езеро ќе се оддржи традиционалната Тиквешка езерска винска регата која ќе ги однесе вљубениците во виното на ново магично винско патување.
Според организаторот, пријавувањето е предвидено да четврток, 3ти октомври, а официјалната програма ќе започне во недела, во 9 часот од градскиот плоштад, односно од 10 часот од пред ресторанот Луле.
Предвидено е учесниците во регатата да пристигнат на полошкиот манастир во 12 часот, каде што за во 13 часот е предвиден заеднички ручек и дегустација на вино. Регатата продолжува кон селото Брушани каде што и годинава ќе се трага по скриеното богатство и ќе следи забава за сите учесници.
Цената за учество во регатата изнесува симболични 500 денари, а повеќе информации може да се обезбедат на телефонскиот број 078318710.