Во Скопје ќе биде формирана „Балканска винска мрежа“

Во петок ќе биде промовирано основањето на „Балканска винска мрежа“ и стартот на реализација на проектот „Виното како мост што ги поврзува земјите од Западен Балкан“, а настанот ќе се одржи во М6 едукативниот центар од 10 до 13 часот.
На настанот ќе бидат присутни голем број здруженија на вински производители, сомелиери, и организатори на вински настани од целиот Балкан кои во наредниот период ќе работат на заеднички проекти поврзани во развој на винска индустрија, развој на лозарство, развој на вински туризам и теми кои се поврзани со идентификување на проблеми во сите сфери и нивно заедничко надминување.
Организации од МК, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово ќе потпишат меморандум за соработка со цел да ги спроведуваат сите дефинирани активности.
На настанот како гости ќе бидат присутни и лица од Бугарија, Словенија, Грција и Романија кои во иднина ќе соработуваат во насока за развој на Балканот како вински регион.