Компир салата со бело вино

Во пресрет на врнежливите есенски денови и посни слави еве една супер варијација на компир салата. За овој рецепт ќе Ви бидат потребни следните состојки:

800гр. компири
1 главица црвен кромид
50мл ладно цедено маслиново масло
3 лажици бело вино
1 лажица лимонов сок (опцинално)
1 лажица сенф
1 кафена лажица копар
Компирите исчистете ги и ставете да се варат во солена вода. Додека се се’ уште топли излупете ги насечкајте ги на коцки, посолете ги и наросете ги со бибер. На страна, во тегла или во сад со капак направете го

дресингот, со што ќе ги додадете маслото, белото вино, малку лимонов сок, сенфот, прстофат сол и мускатно оревче. Добро размешајте да се соедини сосот.
Во компирите додадете ја и главицата кромид исечена на тркалца, добро размешајте, додадете го дресингот, копарот и се заедно уште еднаш измешајте. Бидејки се топли компирите веднаш ќе го впијат сосот и ќе бидат многу вкусни и сочни за јадење.
За оваа салата јас предпочитам да користам зимски сорти на компири, бидејки подобро го впиваат дресингот за разлика од „младите“ компири.