Македонија го слави светскиот ден на вранецот

Во моментов во земјава има над 28 илјади хектари под лозови насади од винско грозје, од кои околу 11 илјади хектари се под сортата вранец. Овој податок ја прави нашата држава најголем производител на грозје и вино од оваа сорта во регионот.
Ова го посочи денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на конференцијата што во Скопје се одржа по повод Светскиот ден на вранецот.
На конференцијата, која прв пат се одржува во земјава и е во организација на здружението „Вина од Македонија“ присуствуваа освен домашни гости и гости од ЕУ, Бугарија, Велика Британија, Романија, Грција, Албајија, БиХ, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, САД, Сингапур, Либан, Нов Зеланд, Германија.
Вкупното проиводство на вино се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои околуи 80 милиони завршуваат на пазарите надвор, од што и годишниот девизен прилив изнесува 50 милиони евра.
Радува фактот што виното во шише постепено го зазема местото на наливното вино во рамки на вкупниот извоз. Конкретно додека во периодот од 2000-2010 односот на вино во шише/наливно вино беше 10 отсто шише, остатокот наливно, во последните неколку години оваа разлика е промената на сметка на виното во шише и сега приближно 30 отсто од виното што се извесува е вино во шише, додаде тој.
Ја спомена и диверзификацијата на пазарите, сега вино освен во традиционалните увознички Германија, Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, зголемено извезуваме и во САД, Канада, Кина, Јапонија.