Оваа среда, џез во лозјето

Расположени сте за џез музика, врвно вино и вкусна храна? Тогаш подгответе се за едно извонредно искуство во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкиот вински регион. За крајот на гроздоберот, оваа среда, 9ти октомври, џез ноти ќе потскокнуваат меѓу винските лози и ќе го разубавуваат расположението на сите кои ќе уживаат во дегустација на вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винаријата.

Настапите на џез групите Традаванда квартет, Оливер Јосифовски квартет и Тумбао Салса Бенд под водството на Петар Ренџов, ќе бидат надополнети со врвната еногастрономска понуда на Шато Сопот.

Настанот е поддржан од Министерство за Култура „Нов културен бран“ 2019 и Винарија Шато Сопот, а организатор е Базилика.

Резервации на телефон 078 663 300 и facebook.com/chateausopotmacedonia