Концепт за винарија кој совршено се вклопува во околината

Foster+Partners го споделија со јавноста својот предлог за новата винарија Le Dôme во Saint-Émilion, која е втора винарија на оваа фирма во регионот на Бордо, по Château Margaux во 2015.

Лоцирана во подрачје кое е на листата на природни наследства на УНЕСКО, проектот ненаметливо се вклопува со топографијата.

FP1

FP2

Концептот нуди најмодерен објект интегриран со околината, односно кружна конструкција од дрво со покрив со дијаметар од 40 метри, овозможувајќи високо ефикасен простор за производство на вино и огромен отворен слободен простор. Објектот е делумно вкопан во земја со цел да не се нарушува околниот амбиент и пејсаж.
Горното ниво има галерија за постетители, вински бар и други забавни содржини.

FP4