Европските градови во овој период од годината организираат есенски фестивали за храна и вино, со менија од разни комбинации на сезонски производи.
Од Андалузија до Хелсинки, преку шкотските висорамнини, ова се дел од советите на туристите за закуски низ Европа.
Валтелина- гастрономски рај во есен
Валтелина, град во Швајцарија, во близина на италијанските Алпи, важи за гастрономски рај во есен. Долините се полни со костени, има рамна почва со винова лоза, кои произведуваат разни вкусни вина. Развиен е агротуризмот, има винска патека, а специјлитет се сирење, месо и особено, лебот од орев.
Чорба и кнедли, Тирол, Австрија
Посетете ја Австрија во рана есен и уживајте во задоволствата на свежо собраните печурки во вкусна чорба, со плус додаток- од локалниот специјалитет – кнедли.
Една чаша вино направена од сорта на грозје одгледувана во Австрија, Словачка, Словенија и Чешка дава соодветно освежување. Заокружете го оброкот со парче торта од слива со шлаг одозгора.
Фестивал на шунка, Андалузија, Шпанија
Градот Арасена (оддалечен на 90 минути возење со кола северно-западно од Севиља) и овој октомври беше домаќин на „Фериа дел хамон Иберик“, фестивал кој го слави локалниот деликатес- шунка. Во градот во кој има и Музеј на шунка, покрај маркетот и тезгите, има натпревар во сечење на шунка, како и можност за гостинот да добие шунка во износ на неговата тежина.
Фестивал на харинга во Финска
И финскиот главен град Хелсинки секој октомври е домаќин на еднонеделниот фестивал на харинга, кој се организира стотици години.
Фестивалот не е само за харингите, туку и во чест на рибарите, и со тоа се означува крајот на летото и на сезоната. Рибарите доаѓаат од цела Финска, има музика во живо, тезги со харинги, се продаваат плетени капи и чорапи, џемови, суво месо.
Шкотски деликатеси
Шкотска го нуди најдоброто од себе, токму во есенските месеци. Овде готвачите најдобро ги разбираат годишните времиња, и можете да вкусите вкусни и креативни јадења од локален дивеч, домашно цвекло, свежи печурки и разни зеленчуци.
Пинчос во Сан Себастијан
Познатите пинчос во Сан Себастијан , Шпанија ги отсликуваат годишните времиња, а за време на есента, карактеристични се пинчос со вкусни, локални, диви печурки.
Секој ресторан има различна понуда, па нема да ви се случи два пати да пробате ист вкус.