Виното е многу повеќе од пијалок, дури и за најголемите фудбалски ѕвезди кои некогаш ја шутирале „бубамарата“. Веќе пишувавме за традицијата на фудбалските тренери во Англија по натпреварот да испијат шише вино со своите противници, за деновиве легендарниот Роберто Карлос да ја раскаже приказната како во Реал Мадрид паѓале тренери поради виното.
Во своето последно интервју славниот бек со разорен шут вели дека неколку тренери ја завршиле својата тренерска кариера во кралскиот клуб поради забрана за консумирање на вино.
„На вечерите секогаш имавме многу вино и пиво. Имаше секогаш најмалку две шишиња на масата. Јас и Роналдо му рековме на Вандерлеј: Тренеру, тука луѓето имаат свои навики, ќе ги забележите тоа, но не обидувајте се да ги промените. Не забранувајте вино и пиво, во спротивно ќе имате проблеми. И што направи тој? Прво го забрани пивото, а потоа и виното. Три месеци подоцна Вандерлеј беше отпуштен поради слабите резултати.