САД воведе дополнителни царини за француското вино

САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа производи, што претставува нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе се воведат реципрочни мерки.

Царините стапија во сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесуваат на авионите на „Ербас“, француските вина и шкотското виски.

Американската Влада пред четири дена доби зелено светло од Светската трговска организација за воведување царини како одговор на субвенциите кои ЕУ му ги даде на Ербас.

САД се веќе во трговска војна со Кина, што претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија.