Во мала касерола ја налеваме водата да зоврие. Тука ги додаваме циметот, анисот и зрната кардамом. Потоа го додаваме ќесето за чај од хибискус. Го поклопуваме садот и го оставаме да одстои 10-15 минути.
Измиениот портокал го сечеме на кришки. Виното го ставме на оган многу кратко да се загрее и тука го додаваме маџунот од рогач да се раствори и соедини.
Ја додаваме процедената течноста од чајот. Убаво соединуваме. Ги додаваме и резанките портокал.
Сервираме во чаши и послужуваме во попладневните часови, покрај печка со дрва…уживање…
Состојки
500мл црвено вино
150мл вода
1 или 2 ќесенца чај од хибискус
1 стапче цимет
1 ѕвездест анис
2 мешунки кардамом
1 портокал
1-2 лажици маџун од рогач или мед