Шанкерите кои превртуваат превртуваат чаши создавајќи ги своите екстравагантни коктели не се првите луѓе кои измислувале пијалаци за возрасни. Всушност постојат многу чудни древни алкохолни пијалаци кои преживеале во историските и археолошките документации.
Тие можеби не секогаш звучат примамливо, но сигурно се фасцинантни. Виното како еден од најстарите пијалаци во кои се ужива и ден денес имал голем удел во речиси сите овие пијалоци кои што содржеле и психоделични супстанци. Секако ова не би требало да не изненади премногу затоа што овие пијалаци најчесто биле користени за религиски ритуали и големи прослави.
Кикеон
Кикеон е психоделична напивка што потекнува од античка Грција. Што всушност се неговите состојки е мистерија, но веројатно содржел необична мешавина од сирење, вино и јачмен. Во древните текстови, „кикеон“ бил збор кој се користел за да опише напивка со магични ефекти, но исто така бил поврзуван и со „мистерии“, или обреди за некој бог. Најпознатите „мистерии“ биле тајните обреди за божицата Деметра каде што свештениците пиеле непознат халуциноген пијалак за да имаат привиденија. Археолозите сметаат дека станува збор за кикеон кој содржел старо жито, обработувано на посебен начин за да има психоделични ефекти.
Поска
Поска е можеби најнеобичниот пијалак од древниот Рим. Тој бил разводнет со вино или оцет и наменет за обичните луѓе и војниците. Можеби не бил со најдобар вкус, но некои луѓе му додавале тревки и зачини за да го подобрат. Интересен факт е што некои војници од висок ранг пиеле поска за да стекнат доверба кај обичните војници.
Шеде
Шеде е мистериозен пијалак од древен Египет за чиј состав сè уште се дебатира. Дали бил вино, направено од калинки или грозје, или пак и од двете? Зборот „шеде“ нема конкретен превод. Во единствениот египетски текст кој објаснува како се прави овој пијалак пишува дека се филтрира и се загрева, но папирусот кој бил пронајден не е целосен. Што и да било, шеде веројатно бил пијалак за фараоните: Гробницата на Тутанкамон има слика од него.
Фалеријанско вино
Благодарение на нивните освојувања и нивната трговија, древните Римјани имале пристап до одлично вино. Фалеријанското вино, кое потекнувало од Кампанија, Италија, се сметало за едно од најдобрите.
Најдобро било кога на 15-годишна возрст и имало висок процент на алкохол.
Кондитум
Зачинетото вино на древните Римјани звучи навистина примамливо.
Заблажено со мед и превриено, кондитумот бил популарен алкохолен пијалак од времето на Рим, па до византиската ера и подоцна.
Еден древен рецепт „преживеал“ во книгата на некој готвач па ова вино им се препорачува на туристите.
Рецина
Грчкото вино рецина е познато по својот необичен вкус кој доаѓа од боровата смола во алкохолот.
Смолата била додаван како конзерванс. Археолозите пронашле докази дека ова вино постоело уште пред 3.000-4.000 години.
Останало популарно дури и денес.